Апелација решава дали убиството на Саздовски е свирепо убиство или насилство

Апелациониот суд во Скопје денеска на јавна седница ќе ги разгледува жалбите од одбраната на осудените Бесир Бела и Скендер Демири, кои во април 2019 добија 19 години затвор за смртта на Никола Саздовски.

Одбраната смета дека во случајот нема елементи за кривичното дело „свирепо убиство”, туку се работи за кривично дело ,,насилство”.

Жалба има поднесено и скопското обвинителство, кое бара максимална казна за обвинетите. 

Поради навивачка нетрпеливост, во јуни 2018 Бела и Демири го претепаа Саздовски на автобуска постојка, а потоа беше однесен во Клиничкиот центар, каде што по десетина дена во кома им подлегна на повредите. 

Кривичниот суд ги задолжи обвинетите да платат и парична оштета на семејството Саздовски, за претрпената душевна болка.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Катица го тужи Боки

Судскиот совет денеска одби дел од доказите доставени од обвинетата Катица Јанева, а прифати да се презентираат како…