Вечерта пред смртта Влатко бил во кафеана со друштво, утрото шок за сите

Пријатели на Влатко Илиевски се уште во шок од неговата смрт за dosie.mk велат дека ништо не наговестувало дека нешто ќе му се случи. Вечерта пред да биде пронајден мртов бил со друштво бил во кафеана и се изгледало нормално. Но некои што малку повеќе го познавале велат дека Влатко имал проблеми со кои тешко се справувал, а најтешко му било да се насмевне, онака како што сите го памет.
Полицијата се уште истражува, а Судска медицина ќе објави конечна причина за смртта на пејачот Влатко Илиевски следната недела. Првично бидејќи нема траги на насилство се прават токсиколошки испитувања на крвта за кои е потребно време. Денеска на гробиштата во Ѓорче Петров Влатко беше погребан. Го испратија многу колеги од естрадата кои на социјалните мрежи пишуваат пораки и објавуваат фотографии со него.
Полицијата освен што соопшти дека телото на Влатко беше пронајдено во неговиот автомобил нема нови детали.

фото : Насловната фотографија е сопственост на Макфакс