ФОТО галерија : Студентскиот “Гоце” се гуши во отпад , градежен шут и шприцеви

Стравични фотографии од ѓубре , шприцеви , градежен шут околу студенствкиот дом Гоце Делчев објави активистката и актерка Ирена Ристич. Таа најави акција за чистење на овој простор и на својот ФБ профил напиша:

“… со надеж дека овојпат нема да се појави уште некој да каже дека сликиве се сечени, лепени, монтирани и дека гледаме работи што не постојат, зашто во тој случај остануваме без работа и ќе мора да се расформираме!
Се зезам, секако!
Oва е студентскиот “Гоце”…
Акцијата е планирана за 07.10 од 16ч.
Специјални гости на кои ќе им доделиме по еден пар од новите ракавици за чистење посакувам да ни бидат едно десетина архитекти… на пример!
Очекувам и поддршка од студентите кои живеат таму, како и од градоначалникот Стефан Богоев и неговата свита, која секако нема да ја добиеме, али мое е да кажам…
Се гледаме!
#НеБидиЃубре #АлоКомунална #СреќенЃубровден

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.