Големите искушенија на најниската македонка

К.Мачкиќ

Славица Димовска висока само еден метар е најниската жена во Македонија. Живее во општина Чашка. Има 61 година. Dosie.mk беше да ја посети. Ниту знаеше кој сме ни што сме, но во дворот од трошната куќа не пречека со широко раширени раце и силно гушкање. Веднаш не послужи со благо. Седнавме на малите столчиња и ни ја отвори душата.
По потекло е од Нежилово има роднини, браќа и внуци, но никој не се грижии за неа. Таа сама се бори во животот со големите предизвици кои ги има како лице со инвалидитет. Најмногу во животот жали за мајка и која починала на нејзиниот 13ти роденен. Била тепана и избркана од семејството. И во Чашка каде се доселила со нејзина братучетка, на почетокот имало проблеми, но сега е добро прифатена од жителите. Но сепак со 4000 денари не се опстојува, нема бојлер и се капи со стоплена вода во тенџере. Куќата е руинирана и не е нејзина ,но барем има кров на глава. Погледнете неколку минути за големата душа на нашата малечка по раст домаќинка Славица од велешко Чашка.

продукација: Dosie.mk

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.