Археолози пронашле тунели и складиште со муниција под Алкатраз

Археолози ги потврдија долгогодишните сомнежи на некои историчари дека познатиот затвор Алкатраз е изграден на воено утврдување од времето на американската Граѓанска војна.

Истражувачите пронашле неколку простории и тунели под дворот на Алкатраз, доизграден во 20. век, а во којшто некогаш казна служеше и (не)славниот мафијаш Ал Капоне. Притоа се користени радари и ласерско скенирање на земјата, како и историски мапи и фотографии.

Пронајдени се целосно закопани градби, складишта со муниција и тунели.

Алкатраз првпат го привлече вниманието на американската јавност кога САД во 40-тите години од 19 век ја презедоа Калифорнија од Мексико. Местоположбата во заливот Сан Франциско го чини примамлив за воени цели.

Total
0
Shares
Поврзани објави