Вечерва се случи тешка сообраќајка во скопската населба Аеродром кога на пешачкиот премин пред полициската станица, од автомобил биле удрени баба, дедо и нивното внуче. Сведоци на несреќата велат дека детето морале да го вадат под автомобилот. Бабата била тешко повреденеа заради што на самото моесто морало да ја реанимираат. Детето било однесено со брза помош веднаш после бабата. Дедото со тупаници се удираал по главата и лелекал.
Сообраќајката предивика лавина реакции на социјалните мрежи а локалните жители му пишаа и на градоначалникот Златко Марин.
“Ве молам, заземете се веднаш, да поставите семафори на тој пешачки премин. Растојанието, од едните до другите семафори, е големо. Да се премине пешачкиот премин на тоа место, е еднакво на добивка 7ца на Лото. Многу деца, одат на училиште од другата страна на булеварот, кон Аеродром, и обратно. Се надевам, дека сериозно ќе го разгледате овој предлог, и ќе го ставите на листата со приоритети. Сите родители се потписаа два пати на две петиции за истото да се постават семафори на Булеварот Трета Македонска бригада пред училиштето Димитар Македонски. Еве девет години залудно чекаме семафори.АМа освен лажење пред избори ни една власт со прст не мрдна. Уте ни е во сеќавање загинатата четвородоеленка”, пишуваат жителите на овој дел од градот.
Поврзани објави
Видео:Четворица вооружени разбојници ја ограбија Тутунска во Сарај
Утринава 10.40 четири вооружени лица зеле пари од филијала на Тутунска банка во Сарај потврди МВР за Досие.…
Пронајдени 81 мигранти во Ваксинце 19 се малолетници
Осумдесет и еден мигрант од земјите од Блиски Исток пронашла кумановската полиција во помошен објект на жител од…
Скопски инспекторат се фали дека енергично расчистува со диви препродавачи на Бит пазар
Инспекторатот на град Скопје утврово се пофали дека енергично со асистенција на полицијата растерале диви препродавачи од пред…
Коста Петров еден од учесниците во сообраќајката кај „Веро“ во Тафталиџе
Поранешниот потпретседател на СДСМ и екс директор на Фондот за иновации, Коста Петров е еден од учесниците во…