Бара правда за трагично починатата ќерка, а добива закани за затвор, Алфа сторија за уништениот живот на семејството Стојанови

Додека сум жив, додека го дишам овој воздух и со последниот атом сила ќе се борам да ја дознаам вистината и да ја истерам правдата за мојата загината ќерка Здравка, вака ја започнува својата приказна Тодор Стојанов, татко на 27 годишната Здравка која трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на 17 ноември на автопатот Белград-Ниш.

Стојанов се сомнева дека официјалната верзија за сообраќајката во која е осуден возачот Љупче Теовски- инаку братучед на неговиот зет- сопругот на Здравка- е лажирана. Теовски сакал да помине со помала казна вели Стојанов.

Немаат свежина на лицата, а тагата во очите не исчезнала од денот откако ја изгубиле Здравка. Разочарани се и од правосудниот систем.

Како што раскажува Стојанов, Љупче Теовски, братучедот на неговиот зет – сопругот на Здравка, кој го управувал возилото, по сообраќајната несреќа ниту полицијата го задржала, ниту пак презела други мерки. По неколку неуспешни обиди на Тодор и сопругата да дознаат информации од обвинителството и судот, по неколку месеци преку своите адвокати дознаваат шокантна информација, дека Теовски направил спогодба со судот и добил една година затвор, за кривичното дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

Целата сторија од прилогот на alfa.mk

извор: alfa.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави