Барањето на Ременски за изземање на Рускоска одбиено

Третобовинетата во случајот „Меѓународниот сојуз“, Фросина Ременски, до Јавното обвинителство поднесе барање за изземање на јавната обвинителка Вилма Рускоска од случајот за Меѓународниот сојуз, за кој денеска почнува судењето. Од Обвинителството за Досие потврдија дека барањето е одбиено.

Ременски кога го поднесе барањето соопшти дека наводно има цврсти докази дека има селективност на Вилма Рускоска, преку кршење на нејзините права и во делот на попречување на правдата која е во надлежност на постапување на други институции.

Првообвинет во овој случај е Бојан Јовановски – Боки 13, а обвинети се и неговиот татко, Миле Јовановски, потоа Јасна Мандиќ, Христина Блажевска и пратеничката Ременски. Според Обвинителството, тие се обвинети дека „ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски дека ќе учествуваат во проект за изградба на домови за стари лица, за што дале над еден милион евра“.

Судскиот процес е предвидено да продолжи следната седмица.

К.Мачкиќ

Total
0
Shares
Поврзани објави