Барути: Ако Груби и Османи бидат министри, ќе горат седиштата на ДУИ во Чаир и Сарај

Незадоволството во скопскиот огранок на ДУИ заради кадровските решенија во новата владата ескалира. Ограноците на партијата од Чаир и Сарај се незадоволни што Артан Груби и Бујар Османи, кој потекнуваат од Скопје, се предложени за министри во новата влада без да се консултира скопските ограноци.

Еден од поранешните каманданти Џем Ламалари алијас Барути на неговиот профил на фејсбук напиша дека не може некој да стане министер без да бидат прашани Албанците и без да се праша домаќинот во Скопје, каде ДУИ освоил 30 илјади гласови.

Ламалари дури оди понатаму и се заканува дека ако одлуките не бидат повлечени седиштата на ДУИ во Сарај и Чаир можат да се запалат.

„Има можност седиштатат на ДУИ во Чаир и Сарај да се запалат и никогаш повече да не се кренат ако постават некој п…. на високи позиции, без да се праша домаќинот на куќата!“, напиша Ламалари.

Од друга страна, на фејсбук е создадена фан група, „Колку сме ДУИ“, каде е објавен пост во кој се вели дека Блерим Беџети и Изет Меџити се заслужни за победата на ДУИ во Скопје, а министри се именувааат деца, со кои ќе играат кадрите на СДСМ како што изграа во изминатите четири години.

Освен тоа, телевизијата Алсат-М пренесе дека претставниците на ограноците од Чаир и Сарај, кој се раководени од Изет Меџити и Бљерим Беџети, не присуствувале на синоќешниот состанок на врвот на партијата, на која требаше да се одобри листата на министри предложени од ДУИ во новата влада.Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави