Бебето на тинејџерката пронајдено мртво во јама

Бебето кое го родила 19-годишната струмичанка било пронајдено мртво  во јама. Се очекуваат повеќе детали, кои полицијата ќе ги соопшти дополнително оти се уште се отврдува причината за смртта. До сега полицијата обелодени дека на 3 март, лекар од струмичката болница пријавил дека во болницата била хоспитализирана 19-годишна девојка од струмичко.

По извршениот преглед, било констатирано дека претходно се породила.

Полициски службеници извршиле разговор со неа, а при преглед на домот, на повеќе места, биле пронајдени докази кои укажуваат дека имало породување, но тогаш бебето не беше најдено.

Total
0
Shares
Поврзани објави