Бесими уверува дека во буџетот има пари за плати, пензии и социјална помош

Mинистер за финансии Фатмир Бесими  уверува дека буџетот е во добра кондиција затоа што приходите се движат во рамките на предвидувањата.

„Финансирањето на дефицитот и кредитите кои доспеваат до крајот на годината ќе биде обезбедено, а ќе има и бафер за евентуални нови шокови од пандемијата. Ќе има доволно средства за финансирање на следните пакети економски мерки, за редовна исплата на плати, пензии, социјална помош, за обврските кон стопанството, кон кредиторите“, вели министерот Бесими во интервју за МИА.

Тој смирува дека финансирањето на дефицитот и на кредитите кои доспеваат до крајот на годината ќе биде обезбедено.

„Ќе обезбедиме доволно средства за финансирање на следните пакети на економски мерки за ублажување на ефектите од кризата, како и економска обнова во пост-кризниот период кон „новото нормално“, додава Бесими.

Со тимот на Министерството за финансии тој на дневна основа ја следи состојбата со приходната и расходната страна на буџетот и оти доколку се појави потреба, навремено ќе се реагира.

– Обезбедени се ликвидносни средства за буџетот да извршува непречено се согласно планот до крајот на годината, односно редовно да се исплаќаат платите на вработените, пензиите на пензионерите, социјалната помош, редовно да се извршуваат обврските кон стопанството, обврските кон кредиторите, како и средства за антикризни мерки за помош на економијата и забрзување на ревитализирањето“, вели министерот Бесими.

Total
0
Shares
Поврзани објави