Бетмен повикувал на оро , Дамовски и актерот Јовановски ги повлекуваат доказите

Обвинетиот Борис Дамовски се откажа од правото да даде своја одбрана пред судот, а беше повлечена и листата на докази. Одбраната на обвинетиот Богдан Илиевски на судот како доказ му понуди ЦД со видео материјал од држење говор пред Собранието на 27 април. Адвокатот Донче Наков пред судот рече дека обвинетиот Илиевски пред судот држел говор, но не повикувал на омраза, туку да чујат нешто убаво за својата татковина, како и да го играат орото „Копачка“.

„Говорот Илиевски го почнува токму со реченицата за која обвинителството го гони. Тој вели гласно да се поздрават пратениците кои се внатре и толпата почнува да свири. Во толпата се постари госпоѓи и пензионери, со знамиња и ниту еден не влегува во Собранието, по повикот, како што вели обвинителството. Тука всушност се слуша бучниот поздрав на демонстрантите“, рече пред судот адвокатот Наков.

Одбраната на Илиевски нагласи дека демонстрациите се утврдуваат по претходно утврден редослед и дека во говорите обвинетиот повикува женско лице да зборува за Македонија.

„Богдан не ја повикува толпата за да влезе внатре, туку за да чујат нешто убаво за нивната земја и да го играат орото ‘Копачка‘ како што е на дневен ред. По 22 минути од наводниот повик толпата е уште пред Собранието, а не внатре“, нагласи адвокатот Наков. Толпата е свртена со грб и не покажува никакви потези за да влезе во Собранието, тврди одбраната на Илиевски. И овој обвинет се откажа од правото на давање одбрана пред судот.

Своја одбрана пред судот нема да дава ниту обвинетиот Владо Јовановски. За него адвокатот Наков рече дека фотографиите направени од 27 април покажуваат смиреност кај овој обвинет додека е во пленарната сала, а во еден момент одбраната тврди дека Јовановски со гестиклации ја смирувал толпата и во оваа просторија нема насилство.

Total
0
Shares
Поврзани објави