Бигорски манастир: На богослужбата беа само монасите, монахињите и верниците волонтери, штитениците…

Богослужбата во Бигорскиот манастир ја следеа над 250 000 луѓе само преку преносот во живо на Јутјуб и на Фејсбук, но на снимките се гледаа и голем број луѓе присутни во манастирот, што беше причина за критики дека не се почитувал полицискиот час, како и социјалната дистанца.

Една од најжестоките критики ја упати партијата Алијанса за Албанците, барајќи и кривична одговорност. Од Бигорскиот манастир, пак, излегоа со реакција, тврдејќи дека не ги прекршиле мерките односно дека не примале верници туку дека присутните биле монасите, монахињите и верниците волонтери, штитениците…

На критиките од Бигорски одговорија дека во манастирот биле припадниците на нивната монашка заедница од четирите манастири: Бигорски, Рајчица, Пречиста и Кнежино.

Заедницата ја сочинуваат над педесет монаси, монахињи, искушеници, искушенички и верници волонтери кои се дел од едното семејство во Господа. Исто така, нашите манастири, кои се занимаваат со социјална мисија и општествена хуманитарна дејност, згрижуваат над шеесет души од социјално ранливи категории, кои го делат манастирското секојдневие заедно со монасите и монахињите. Дополнително, во нашите манастири, со години, константно престојуваат околу петнаесетина градежни работници, кои, исто така, се дел од нашите заедници“, велат од Бигорскиот манастир.

Дополнително, во манастирот биле и членови од екипата „2С Студио“, со чија помош бил вршен директниот преност.

Со полна граѓанска одговорност, додаваат оттаму, тврдиме дека во ниеден случај не беа прекршени препораките и мерките од државните и здравствените власти за време на богослужбите.

Згора на тоа, доколку некој и би се одлучил да дојде на вечерашната прослава на Воскресението Христово, во никој случај не би имал можност да го направи тоа, со оглед на засилените полициски контроли по патиштата, а и самото полициско присуство пред влезот на манастирот, велат од Бигорски.

Бигорски Манастир

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Ромската заедница со претставка до Народен Правобранител: „Во Министерството за култура нема ниту еден вработен од ромска етничка припадност“

Во текот на вчерашниот ден, активистот за човекови права, Тефик Махмут, излезе со претставка за несоодветна и неправична…