Бит Пазар вечерва: Метач на улица ранет , спречил крадци да ограбат продавница

Работник на „Комунална хигиена“ ранет во ногата бидејќи бил сведок на провална кражба. Првичните информации се дека додека метел на улица видел група крадци кои се обидувале да влезат во продавница. Се претпоставува дека викнал по нив или алармирал дека се случува кражба , по што провалниците почнале да бегаат. Еден од нив извадил пиштол и пукал кон човекот. Го погодил во ногата.

Полицијата за пукањето соопшти дека околу 20 часот при обид за кражба е испукан куршум од пиштол, кој завршил во ногата на А.Ш.(42) од Скопје. Тој бил префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Возилото со кое е извршена кражбата е обезбедено. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР и се трага по крадецот кој пукал.

Total
0
Shares
Поврзани објави