Битиќи: Ни треба уште малку време за четвртиот пакет на мерки

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмит Битиќи тврди дека не доцнат мерките од четвртиот пакет мерки за владина помош за стопанството, туку само е потребно малку повеќе време за да се креираат мерки во чие донесување ќе бидат вградени идеите и потребите на сите чинители.

Битиќи вели дека сега течат разговори со синдикатите, коморите и со обичните граѓани за на крајот да се создадат мерки кои рационално ќе се искористат.

Владата работи и на ребалансот на буџетот и фокусот е ставен на избегнување на праксата да се предвидуваат средства во буџетот и постројано да недостигаат за на крајот на годината да останат неискористени заради нереализираните проекти.

Досегашните мерки од првите три столба владините представници ги оценија како Мерки кои беа навремени и сеопфатни за на стопанството и на граѓаните да им понудат поддршка за справување од кризата.

За досегашната поддршка на стопанството и задржување на работните места, се резервирани околу 550 милиони евра или 5 отсто од домашниот бруто-производ.

Total
0
Shares
Поврзани објави