Близнаците Тео и Тони по 4 години живот на свеќа добија струја, хуманите граѓани несебично помагаат

“Тео и Тони во моментов добија струја. Ајде хумани граѓани да го платиме долгот за да не се врати повторно мракот во нивниот дом. Ве замолувам да се пријави хуман електричар да им помогне за домашната инсталација бидејќи претходната е застарена.Донирајте на сметката на ЕВН за кориснички број 002150080”

Оваа вест пред малку ја објави активистката Мери Николoва кој заедно со уште неколкумина хумани луѓе спроведоа акција да им се помогне на близнаците од Ново Лисиче.

“Само еден и единствен функционер, градоначалникот на Крушево Томе Христоски, десега уплатил на сметка на ЕВН, за да близнаците после 4 год. ги згаснат свеќите”, пишува во дел од јавните пораки на активистите.

Мобилизацијата да им се помогне на децата не застанаува. За утре е предвидена голема донација односно опрема за комплетно ново купатило.

Dоsie.mk утре ќе известува и со вклучување во живо од домот на Тео и Тони и денот ќе им го посвети ним со надеж дека и државата ќе помогне овиде деца кои 4 години живеат на свеќа да видат малку светлина во животот.

Total
0
Shares
Поврзани објави