Бојан и татко му на распит за Рекет2 – завршува истрагата, Русковска најавува обвинение

Бојан Јовановски, неговиот татко Миле и асистентката од „Меѓународниот Сојуз“, Христина Блажевска денеска во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција треба да дадат исказ како осомничени во истрагата за „Рекет 2“.

Прв со Русковска ќе се соочи таткото на Јовановски, Миле. Точно напладне пак во обвинителството ќе пристигне и Боки 13.

Според истрагата, тие се обвинети за перење пари за што го користеле „Меѓународниот сојуз“ формиран од Бојан Јовановски. Осомничени се дека измамиле двајца бизнисмени од кои со ветување дека ќе градат старски домови, успеале да наплатат околу 1 милион евра.

За овој случај осомничени се уште пратеничката Фросина Ременски, како и потпретседателката на Меѓународниот сојуз, Јасна Мандиќ. Двете веќе дадоа исказ во обвинителството.

Обвинителката Русковска минатата недела изјави дека оваа истрага е при крај и по распитот на сите повикани ќе донесе одлука. Таа најави обвинение во јануари.

Total
0
Shares
Поврзани објави