Министерката за правада Рената Дескоска вели дека Министерството за правда нема никаква надлежност над контрола на законитоста на спроведувањето на изборите за ректор. Таа ова го објави на социјалните мрежи, откако на истите јавно беше повикана од професрката Зоја Бузалковска од Факултетот за драмски уметности да каже што како актуелна министерка ќе направи за да се отсранат неправилностите во изборот на ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Во одговорот на поставените прашања од Бузалковска, министерката која и самата е професор, го објаснува законскиот процес за избор на ректор, можностите институционално да делуваат сите што сметаат дека има неправилности, односно каде се можат да поднесат приговори и жалби. Дескоска објаснува дека нејзиниот повик пред изборите сите членови на академската заедница да излезат и да гласаат не бил за да фаворизира одреден кандитат, туку затоа што смета дека бојкотот никогаш не е решение.
„Јас сум за активна борба на сите гласања, без оглед дали се парламентарни, претседателски или ректорски избори или референдумски гласања. Застапник сум на ставот за активно гласање и изразување став, а не криење зад “индиферентните”, “апстинентите”, бидејќи лажна е перцепцијата дека тие одат на конто на бојкотирачот. Денес, после денот на гласање, мислам дека на многу од тие што повикаа на бојкот на изборите им е јасно дека со таквиот повик ги збунија оние кои сакаа да гласаат “против” на овие ректорски избори, а фактички не постигнаа ништо во (де)легитимирање на изборите“, вели Дескоска.
Поврзани објави
ЕУ го затвора воздушниот простор за руските авиони, за прв пат во историјата ќе вооружува држава
Европската унија почнува со испорака на оружје на Украина, што е прв ваков чекор во нејзината историјата. Претседателката…
Напукнат столб на мост на Црна Река – комбиниран превоз од Скопје за Гевгелија и обратно
Железничкиот сообраќај на линијата Гевгелија – Велес, поточно помеѓу железничките станици Кукуричани – Градско, во близина на Стоби,…
ДОСИЕ во живо од Карпош 4 каде гореше стан , за кратко ексклузивно видео од внатре
https://www.facebook.com/dosie.mk/videos/828429924193221/
Изолацијата поради ковид да трае 7 дена, препорака на Главниот Кризен штаб
Главниот координативен кризен штаб на синоќешната седница ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести за кратење на…