Боки 13 ќе одговара и за наводно снимање на Катица Јанева

Денешното рочиште по тужбата на поранешната шефица на СЈО Катица Јанева против Бојан Јовановски – Боки 13 за неовластено снимање на 22 фотографии е одложено поради извршената операција на обвинетиот. Следното рочиште е закажано за 19 октомври до кога се очекува Јовановски да закрепне и да се врати во затворот во Шутка.

Тужбата е поради фотографијата наводно снимена од Јовановски, што беше презентирана како доказ во предметот „Рекет” по вештачењето на неговиот мобилниот телефон.

Адвокатот на Јанева, Дељо Кадиев, изјави дека имало неовластено снимање и фотографирање за користење за свои цели.

– Катица поднесе тужба откако увиде дека во телефонот на Бојан има снимки од нејзиниот приватен живот со кои се нарушува и принципот на заштита на приватност. Предвидена е казна од три месеци затвор, но не е тоа поентата. Катица ценеше дека е земен преголем замав, дека се снима неовластено и потоа се користи за свои цели. Станува збор за 22 фотографии кои се наоѓаа во телефонот на Бојан. Не поднесовме за повеќе, иако имаше повеќе фотографии и снимки. Направени се на повеќе места, претежно во домот, но има и во ресторан. Сите фотографии беа дел од „Рекет“ – изјави по рочиштетот Кадиев.

Total
0
Shares
Поврзани објави