Боки 13: На кого му одговара мојата ликвидација и да не се дозне вистината за Рекет!Русковска знае

Денеска во Кривичниот суд Бојан Јовановски и кажа да судиката дека врз него се врши дрискирминација и загрзовување на човековите права, но и кажа сериозна загриженост дека некој сака да го ликвидира и да не се дознае вистината за Рекет. За себе рече декае политички затвореник и побара еднаков третман како и за другите во случајот за кој му се суди. Пред неговото излагање беше сослушана еден од клучните сведоци во предметот , обвинителката Елизабета Јосфовска.

Почитувани чувствувам да Ве известам дека под број еден мојата здраствена состојба е многу лоша и Ве молам да се води повеќе грижа околу тоа и второ нееднаквоста пред уставот и законите. Јас се чувствувам загрозено и и ги предочив заканите за физичка ликвидација на обвинителката Русковска. Се чувствувам како политички затвореник оти ова личи на политички процес со ширење лаги и шпекулации. Вистината ќе се дознае само со фер судење. Како единствено лице во притвор во случајов ќе ги употребам сите правни лекови да добијам еднаковост на право на одбрана, а доколку тоа не ми се овозможи ќе преминам на најрадикален чекор а тоа е штрајк со глад. Се поставува прашањето на кого му одговара моја ликвидација и на кого му одговара да не се знае вистината за Рекет . Ги известив амбасадорите на САД, Франција и Хелсиншкиот комитет и побарав нивни посети и ќе им биде соопштено се.

Дали сте дискриминирани од советот – праша судијката ?

Во овој момент изразувам благодарност што реагирате итно но без резулатати . Се чувствувам како лице на кое се тренира правдата.

Еве ние не сме запознаени , знаеме дека Ви е нарушена здраствената состојба но не до толку. Доколу сакате да одите во приватна болница на Ваш трошок поднесете барање. рече судијката.

Судот селективно ги чита медицинските извештаи,а и обвинителката Рускоска вели доктор пријател и кажал ништо не му е, одговори Бојан.

Обвинителката Елизабета Јосфиовска појасни дека имала областување да става потписи на документи , а за предметот Имеприја добила известување дека треба да потпише согласност за куќен притвор на невообичаен начин од оној по кој се постапувало во СЈО.

Бевме повикани на колегиум и тогаш Лиле Стефанова предложи да се одбие барањето на адвокатите на осомничените од Империја да бидат пуштени во домашен притвор. Јанева и кажа на СТефанова да го смени мислењето и да се согласи со куќен притвор. Лиле реагираше дека тоа е штетно но Јанева кажа дека е птребно. Разбрав дека се работи за Камчев Панделевски и Јосифовски , но беше спомнат и Мијалков. Се рабараше да се изготви пресметка за направена штета. Јас го потпиша решението да се даде привремена патна исправа на Камчев, но овој случај не дојде вообичањено од шефицата на кабидент на Јанева туку го добнесе стручен соработник. Ја прашав Стефанова дали знае за решението таа рече не. Го побарав целиот предмет и по телефон од шефицата на кабинет на Јанева ми беше кажано дека тоа е налог на Катица и дека е итно, па мора во истиот ден да биде изготвено и потпишано. Лиле ми потврди дека не знае ништо но дека тоа е опасно оти Камчев може да побегне оти има двојно државјанство. Потпишав оти ние немавме право да менуваме суштина на акт.

Адвокатите на Јанева ја прашаа обвинителката Јосифовска дали само Катица ги имала сите релевантни податоци и дека тие не ги знаеле и дали имало понуди за спогодби во СЈО, обвинителката кажа дека да само главната обвинителка знаела се и имало пракса за спогодба но многу ретко. Јосифовска не одговори дали барала да биде изземена од работа по овој предмет но кажа дека побарала да не биде информирана за Империја.

За 15тина дена ќе се сослушува и вториот обвинител клучен сведок Лиле Стефанова.

Total
0
Shares
Поврзани објави