Боки останува во Шутка, одбраната се откажа од Тодоровиќ и Панделевски како сведоци

Апелацискиот суд во Скопје ја одби жалбата на Бојан Јовановски-Боки 13 со која бараше да излезе од притвор за што нудеше и гаранција од 143 000 еврa.

Јавната седница, на која Боки и неговиот адвокат Сашко Дукоски бараа да се укине мерката притвор, се одржа во петокот.

Тогаш првпат тие понудија гаранција во која спаѓаат куќа не негов прв братучед, проценета на околу 102 000 евра и еден локал – деловен простор во истата куќа во сопственост на неговата мајка, Јасминка Јовановска, со вредност од околу 40 000 евра.

Денеска во судот сведоци на Бојан тврдеа дека тој немал намера да бега од државата , како и тоа дека во домот имал уметнички слики за да ги видат вијателни луѓе. Неговиот пријател Сергеј Варошлија раскажа дека се познавале со Ана Камчева од поодамна и дека Кичевскиот им бил близок пријател.

Одбарната на Бојан појасни дека нема да ги повикува како сведоци бизнислените Панелевски и Тодоровиќ , но причините не беа образлеожени.

Total
0
Shares
Поврзани објави