Боки пријавува 20 кривични дела меѓу кои обид за убиство, изборни измами и шпионажа

Со случајот Рекет игравме правна држава но доста беше таа фарса. Сега треба да дојде време на вистинско владеење на правна држава каде поштедени нема да има. Сега на сите ни е јасно зошто мојот телефон не е вештачен , е дел од соопштенито на Бојан Јовановски кој и денеска пред обвинителството изнесува докази и поднесува кривични пријави против финкционери за 20 кривични дела.

Бојан се надева дека ќе се процесуираат пријавите меѓу кои има пријави за кривични дела тортура, не пружање лекарска помош, изнуди , но и за злоупотреби на функции. Поради тајноста на постапката Боки не ги соопшт имињата против кои ги поднесува пријавите, вели ќе ја почитува постапката но бара и обвинителството да постапува по неговите пријави. Во соопштението тврди дека е мета на тортура и уцена,но не се плаши и ќе се бори за вистината.

Бојан му укажува и на обвинителот Јовевски дека за она што го зборува сега пишувал писмо до првиот човек на обвинителството уште во ноември лани, сакајки да потенцира дека сегашните пријави немаат никаква врска со пресудата која му беше изречена неодамна.

Единствено ќе ме спречат доколку ме личат од живот! – вели Бојан и најавува дека нема да застане во борбата за отривање на вистината за Рекет , за него , за многу други случаи во државата, како и за односот и злоупотребите од политичарите за кои тој тврди дека има несоборливи докази.

К.Мачкиќ

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Необјавени телефонски разговори: Јанакиески до активистите : „Кај ‘Апче’ и во Гази Баба има многу комуњари, да ги казнеме некако“

Судскиот процес за изборни нерегуларности Титаник ќе трае уште еден час оти пратеникот Илија Димовски побара одложување поради…