Болницата „Козле“ станува Ковид – центар за возрасни

Со помош од седум интернисти и двајца инфектолози како и дополнителни 60 легла, Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле ќе стане ковид болница и за возрасни.
Две одделенија во оваа установа ќе бидат за деца, а останатите за возрасни.

Од понеделник можат да хоспитализираат пациенти со корона вирус од сите возрасти, но не тешко болни, зашто установата нема интензивна нега.

Изминатите два дена педијатрите испратиле на на домашно лекување 27 деца, три биле префрлени во Клиниката за детски болести а на болнички третман останале само четири кои се сомнителни на ковид-19.

Болницата во Козле продолжува и понатаму со третманот на децата кои се суспектни на вирусот со дијагностика и секако третман ако се заболени со вирусот, но има и расположиви средства и капацитет за третман и на возрасни, вели д-р Ангелчо Андоновски, директор на болницата за белодробни заболувања во Козле.

Здравствените власти и Комисијата за заразни болести одлучија и болницата во Козле да ги пренамени своите капацитети за ковид пациенти бидејќи инфективните одделенија во државата се преполни и има повеќе од 330 хоспитализирани.

За да не дојде до колабирање на системот поради напливот на пациенти, голем дел здравствени работници од внатрешноста се на испомош во ГОБ „8-ми Септември“ и во Инфективна кои се преопотоварени изминатиот период.

Total
0
Shares
Поврзани објави