Болниците преполни, но подготвени за новиот бран пациенти заболени од ковид-19

Клиниката за инфективни болести и Градската општа болница „8-ми септември“ во Скопје иако ги полнат болничките капацитети, сепак, можат да одговорат на бројот на новозаразени кој изминатиот период драматично расте.

Доктор Милена Стевановиќ, директорката на Клиниката за инфективни болести во Скопје денеска изјави дека капацитетите на болницата во најголем број се исполнети, но дека се потпираат и на капацитетите на монтажната болница каде има вкупно 70 легла, распоредени во десетина соби. Таа е и тријажен центар, каде докторите ќе ротираат.

Имаме вкупно хоспитализирани 99 пациенти, а до утринава примени се 13 пациенти. Во монтажната болница има околу осум до девет примени пациенти-изјави директорката Стефановиќ од Инфективната клиника.
На таа слиника има и 27 медицински сестри кои се дојдени од повеќе различни градови кои им помагаат во борбата со вирусот.

Доктор Христијан Костов, директорот на Градската општа болница “8-ми Септември” во Скопје, пак, вели дека имаат на располагање уште 150 легла и очекуваат да се справат со овој бран на новозаразени.

Total
0
Shares
Поврзани објави