Борче Хаџиев е избран за директор на Бирото за јавни набавки

Владата денеска именуваше директори, в.д. директори и членови на управни одбори на повеќе јавни претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост. Предлозите за новите кадровски решенија се дојдени од владината Комисија за именувања.

Директор на Бирото за јавни набавки е избран  Борче Хаџиев, а в.д. директорот на Фонд за осигурување на депозити Амир Шабани.

Исто така, Владата му препорача на Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, за в.д. директор на Фондот да ја избере Билјана Јовановска, а за нејзин в.д. заменик директор да го избере Шаип Зенељи.

Нов в.д. директор во Фондот на здравствено осигурување е Фатон Ахмети, кој функцијата ќе ја извршува до именување на директор по распишан конкурс, но не подолго од шест месеци.

Бесир Деари е именуван за в.д. заменик на директорот на Управата за финансиска полиција, а Блерим Идризи за в.д. заменик на директорот во Државниот завод за индустриска сопственост.

Total
0
Shares
Поврзани објави