Борисов: Бугарските комунисти контролирани од Москва ги претвараа Бугарите во Македонци

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов смета дека по Втората светска војна, бугарските комунисти, контролирани од сталинистичка Москва, сакаа Бугарите во Македонија насилно да ги претворат во Македонци.

„Бугарите таму беа принудени да се нарекуваат Македонци. Доколку се појават одредени погрешни прикази во текот на процесот на пристапување во ЕУ, а јас не реагирам, моите политички противници ќе речат: Борисов ја продава бугарската историја и се поклонува на притисоците од европските партнери“, изјавил во интервју за „Франкфуртер алгемејне цајтунг“, бугарскиот премиер.

Тој вели дека бил изненаден од резолуцијата на Европскиот парламент за Бугарија, во кое се бара признавање на македонско малцинство во Бугарија.

„Во Бугарија нема македонско малцинство“, вели Борисов појаснувајќи дека бугарските социјалисти гласале за резолуцијата.

Борисов не исклучува можност за постигнување компромис ако македонската страна нема претензии за попстоење македонско малцинство во Бугарија.

„Посветен сум на ова со сите сили. Правиме што можеме за нашата комисија на историчари да најде компромиси. Отсекогаш сум велел дека иднината е важна. Но, исто така треба да знаете историја“, вели Борисов.

Total
0
Shares
Поврзани објави