Борко Ристовски во суд за упадот во Собранието на 27 април: Давав само морална поддршка како Македонец

Semi Final Match 2 – Vardar 1961 vs PPD Zagreb, Final Four – SEHA – Gazprom league, Zadar ,04.09.2020 , Mandatory Credit © Mandatory Credit © Uros Hocevar / kolektiff

Ниту ги познавам Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, ниту ме контактирале. На социјалните мрежи само давав морална подршка  како Македонец. Ова го изјави голманот на РК Вардар и поранешен репрезентативен чувар на мрежата Борко Ристовски на денешното рочиште за судењето за случајот „Организатори на 27 април“.

Тој истакна дека тој период не живеел во земјава и за случувањата се интересирал од медиумите.

Ристовски пред Судот денеска рече дека лично не се познавал со екс-министрите Јанакиески и Ристоски, кои се меѓу обвинетите. Воедно изјави дека во 2017 година не живеел во Скопје и немал никакви активности за протестите на „За заедничка Македонија”, и дека само дал морална поддршка, со свои коментари и излагања на Фејабук.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”.

Total
0
Shares
Поврзани објави