Браќата Асани осудени на 20 години затвор, откако доживотната казна била укината и судењето почнало од почеток по препорака на судот во Стрзабур

Браќата Наим и Рамиз Асани од Арачиново, кои го извршија тројното убиство во интернет – кафуле „21“ во Чаир во 2006 година, имаат нова пресуда од 20 години затвор. Вчера беше обелоденето дека се солободени од доживотен затвор. Денес информации околу предметот има вее и официјални според кои доживотниот затвор е укинат и им е изречена затворска казна од 20 години.

Нивната прва пресуда стигна до Европскиот суд за човекови права каде биле потврдеи повреди во претходната постапка.Поради тоа Кривичниот суд го повтори судењето и отвори нов предмет за кој деновиве била изречена новата санкција.

Убиството за кое им се судеше се случи пред 13 години кога браќата Асани ги убија браќата Енис (17) и Етин (13) Исмаили и Ибиши Реметула (20) поради наводна крвна одмазда.

Браќата Наим и Рамиз беа уапсени по едногодишно бегство. 

Total
0
Shares
Поврзани објави