Бранкица Димитровска активист за правата на лицата со посебни потреби во емисијата „Отворено“ на ТВ Алфа, изјави дека министерката за труд и социјала Мила Царовска ги избегнува средбите со лицата со посебни потреби. Министерката Царовска и покрај поканата од страна на телевизијата не зеде учество во емисијата и нејзиното столче остана празно. Од своја страна Димитровска активен чинител во борбата за подобар третман на лицата со хендикеп во своето излагање го стави акцентот врз членот 54 став 2 од предлог законот за социјална заштита, кој гласи дека „Лице кое користи надоместок за попреченост, истовремено не може да користи надоместок за помош и нега од друго лице.“ Бранкица Димитровска исто така и препорача на министерката Царовска, кога веќе „мафта со рацете и сака да гестикулира“, да го научи јазикот на глувонемите, така барем една група на лица со хендикеп ќе имаат барем симболичен бенефит нејзините активности. Погледнете го целото видео од емисијата, каде што гостин беше Бранкица Димитровска.
Поврзани објави
Новогодишните обраќања на Претседателот Иванов , Премиерот Заев и лидерот на опозицијата Мицковски
https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/1161301834028675/
Едукативно видео – што треба да знаете за корона вирусот
Светската здраствена организација објави едукативно видео за коронавирусот од каде потекнува и што се треба луѓето да знаат…
Во ФЗО ги молевме да не вложуваат жалба бидејќи само ќе и изгубат време на Јана – и изгуби таа почина
Почитувани пријатели, луѓе кои ја поддржувавте нашата Јана во целиот период на нејзината борба и со реткиот и…