Братот и адвокатот на Заев на снимка со Милевски – Рускоска не ги забележала

Снимка на која денеска предизвика најмногу внимание е онаа на која се гледаат неколкумина мажи седнати во кафеана , снимка за јавноста малку нејасна но Јовановски ја појасни. На снимката е следен сега веќе осудениот Зоран Милевски Кичеец, а е снимен во период кога бил на средба со блиски луѓе на Зоран Заев. Оваа снимка не беше појаснета , најверојатно обвинителството дополнително ќе каже зошто е презентирана.

Кои се на снимката на паузата пред новинарите откри обвинетитот Јовановски кој тврди дека се работи за братот на поранешниот премиер Вице Заев и неговиот адвокат Ване Андреев.
Обвинителката Руковска вели дека на снимката не ги забележала посочените, но и дека никој од истражителите не ја известил. Милевски е следен и кога влегувал од заден влез во Влада и по кратко време ја напушта зградата.

Утре во судница ќе бидат пуштени разговори во кои има детали од приватен живот на Бојан, снимки кои во судот веќе се слушаа но затворени за јавност. Обвинителката Рускоска побара да бидат пуштени оти одбраната така бара и да се отфрлат сите шпекулации што има на тие снимки.

Total
0
Shares
Поврзани објави