Британската варијанта на Ковид-19 пристигна во Србија

Девојка од Лондон ја донела новата варијанта на коронавирусот во Србија, информираше српскиот претседател, Александар Вучиќ.

„ Јас сум страшно исплашен. Патник од Лондон во Србија го донесе коронавирусот на територијата на Србија”, истакна Вучиќ и додаде дека девојката не била позитивна на тестот за ПЦР.

Вели дека најважно е што вирусот е откриен и изолирани се сите контакти.

Во однос на вакцинацијата, Вучиќ вели дека би ја примил кинеската вакцина.

-„ Би ја примил кинеската вакцина, но размислувам дека не сум толку стар, затоа што мислам дека е срамота кога ќе видам дека има некои кои немаат никакви коморбидитети и се туркаат да ја примат вакцината“, рече тој.

Србија, според Вучиќ, за кинеските вакцини платила многу помалку отколку што тие се продаваат во остантите делови од светот.

Total
0
Shares
Поврзани објави