Бројот на новоинфицирани со Ковид-19 скокна за 35 отсто

Последната недела бројот на инфицирани со коронавирусот е зголемен за 35 отсто споредено со претходната недела, информира Министерството за здравство.  Бројот на новозаразени е зголем речиси двојно во Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Берово – 192,3 на 100.000 жители.

Процентот на позитивни од тестирани периодов изнесува 12.2% или 3% повеќе во однос на претходната недела.

Најмногу заразени има од лица на возраст над 60 со колу 20 отсто, а трите групи од 30 до 59 години се застапени со околу 18 посто. Нешто над 16 посто ги има на возраст под 30 години, а најмалку заразени има меѓу младите под 20 години.

Во однос на минатата недела, најголемо зголемување на бројот на новорегистрирани случаи се бележи во возрасните групи од 20 до 29 години и 30-39 години, за 60% односно 46,1%, соодветно.

За една недела починатио се 30 лица, 7,1% повеќе во однос на претходната недела. Во однос на возраста, 24 лица биле над 60 години, а 6 лица на возраст од 50-59 години. 29 од случаите биле хоспитализирани, а само едно лице од починатите не било хоспитализирано. Коморбидитети се регистрирани кај 20 починати лица.

Total
0
Shares
Поврзани објави