Бугари ставени во изолација во Битола поради опасност од коронавирус

Двајца Бугари кои соработуваат со битолска компанија се ставени во домашна изолација во Битола зашто претходно биле во Италија, дознава Апла.мк. 

Од Центарот за јавно здравје во Битола за Апла.мк велат дека работниците немаат симптоми на коронавирус, но се пријавиле дека претходно биле во ризичниот регион, па според протоколите се ставени под здравствен надзор. 

,,Двајцата работници денес ја минале границата и дошле во Битола за да работат, па им било кажано дека треба да се пријават во Центарот за јавно здравје. Разговарано е со фирмата каде работат дека не треба да одат на работа и дека според препораките ќе бидат во домашна изолација, односно под здравствен надзор 14 дена. Во тој период ќе се следат, односно ќе комуницираат со санитатни инспектори и надлежни од Центарот за јавно здравје. Инаку немаат симптоми на болеста, но мора да се помине тој период на здравствен надзор”, велат од Центарот за Апла.мк. 

Ова е прв случај на домашна изолација на лица во Битола поради опасност од коронавирус. 

apla.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави