Бугарија и денеска го блокираше стартот на преговорите за членство во ЕУ

Бугарија не се повлече од ветото на преговарачката рамка за Македонија, па и пред да почне денешниот Советот за општи работи исходот беше познат.

Веста пред средбата ја соопшти германскиот министер за Европа, Михаил Рот, кој ја оцени како “тешка политичка грешка” на една држава со билатерални барања, која нема поддршка од останатите земји-членки на унијата. И покрај неуспехот, Рот вели дека сепак министрите ќе разговараат за проширувањето на ЕУ.

-Како претседавач со ЕУ правиме сѐ што можеме за во најбрз рок да се дојде до компромис и да се одржи првата меѓувладина конференција со Македонија, а по исполнувањето на некои дополнителни услови, и со Албанија. Сѐ друго ќе биде тешка политичка грешка со цена по стабилноста и безбедноста на Западниот Балкан и тоа тешко ќе ја загрози и безбедноста на Европа. За тоа треба сите да бидат свесни,изјави– Михаил Рот – германски министер за Европа.

Мала е надежта дека нешто ќе се смени на состанокот на премиери и шефови на држави во четврток, но не треба да се откажуваме туку да работиме на домашните реформи, сметаат македонските дипломати Османи и Димитров. Велат дека блокадата од Бугарија е голем удар за европската политика.

Во меѓувреме дваесет европратеници од сите партии испратија порака до Унијата и Бугарија, да не се испушти шансата за до крајот на годинава да почне процесот за Македонија. “Бугарија треба да ја одобри меѓувладината конференција со Македонија што е можно побрзо и со тоа да оддаде признание за напорите на земјата во пристапниот процес. Македонската страна исто така да го вложи секој можен напор за решавање на споровите. – стои во писмото од европратениците.

Паралелно со состаноците на европските дипломати, од утре почнуваат и средбите во Софија на специјалниот претставник на Македонија. Според најавите, Бучковски ќе се сретне со целиот државен врв на Бугарија.

извор: Kanal5.com.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави