Бугарија инсистира добрососедските односи и јазикот да влезат во преговарачката рамка

Бугарија бара во преговорачката рамка со Северна Македонија да влезат добрососедските односи и, а за јазикот наместо македонски да се употреби формулацијата официјален јазик, пишува софиски Медијапул повикувајќи се на дипломатски извори.

Бугарските позиции пред амбасадорите на ЕУ ги презентирал Димитар Цанчев и тие се истите од  крајот на октомври, но тие наводно не биле земени во предвид.

„Таквиот пристап на Европската комисија и нереално позитивните оценки кои нејзините експерти ги даваат за добрососедските односи само ја потврдуваат оправданоста на нашето барање да има одделно преговарачко поглавје за да може државите членки да имаат свој глас во изготвувањето на тие оценки, со оглед на необјективноста на Комисијата“, стои во излагањето на Цанчев.

Цанчев рекол дека проблемот со Скопје е голем и многу сериозен.

„Ова не е некоја банална полемика околу историјата што може да им се остави на историчарите“ изјавил Цанев потенцирајќи дека Скопје ја фалсификувало историјата на штета на соседните земји кои спаѓаат во географската област Македонија за да го аргументира новосоздадениот идентитет и претензии кон соседните земји.

Според Софија, прогласувањето на еден од локалните бугарски јазици како „македонски“ е суштинска алатка во оваа политика.

Total
0
Shares
Поврзани објави