Бугарија се премисли: Во задолжителен 14-дневен карантин одат и македнците кои ќе влезат во Бугарија

Сите македонски граѓани кои ќе влезат во Бугарија, ќе мора да поминат 14-дневен карантин, соопшти бугарското Министерство за здравство.

Од таму појаснуваат дека ваквата одлука е донесена поради зголемениот број на случаи на Ковид-19 во последните денови.

Бугарскиот Централен оперативен штаб претходно имаше предложено укинување на 14-дневниот карантин за бугарските и странските државјани од земјите-членки на ЕУ, како и за граѓаните од Македонија и од Србија при влезот во Бугарија

Во меѓувреме, Бугарија го укина 14-дневниот карантин за жители од БИХ и Црна Гора.

Во Бугарија евидентирани се 2.485 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 136 починаа, а 1.016 оздравеле.

Total
0
Shares
Поврзани објави