Бугарски државјани и возач на комби повредени во сообраќајка на патот Делчево – Македонска Каменица

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што околу 18:40 часот се случила на патниот правец Делчево – Македонска Каменица, кај местото Баткова чешма. Се судрија автомобил во кој биле бугарски државјани и комби. Сообраќајот кај местото Баткова чешма, беше во прекин поради сообраќајната несреќа. Повредени се три машки лица.
Двајцата патниците имаат повреди на градниот кош и стопало. Тие се се уште во болница. Возачот на комбито исто така има повреди на граден кош и стомак.
Полицијата истражува како дошло до сударот.

фото: citaj.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави