Бујар Османи за грчки медиум: ДУИ ќе го бара мандатот за да состави Влада

Вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, во изјава за грчки „Етнос“ вели дека ДУИ е таа партија која ќе го бара мандатот за да состави Влада, иако СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со своите коалиции освоија далеку повеќе пратенички места на предвремените парламентарни избори во средата.

“Во секој случај, резултатот од изборите покажува дека ние ќе утврдиме кој ќе влезе во нашата влада, а не некој друг. Затоа, проценувам дека ДУИ ќе добие мандат да формира влада и ние ќе одлучиме која партија на Северна Македонија ќе учествува во нашата владина коалиција “, рече Османи за „Етнос“ во денешното електронско издание.

Ваквото изненадувачко барање на ДУИ доаѓа откако Интегративците освоија 15 пратенички мандати, но ниту СДСМ ниту ВМРО-ДПМНЕ не можат да состават Влада вез нив.

Единствен кој ова досега го демантираше е Андреј Жерновски, заменик-министерот за надворешни работи, кој со својот последен статус на социјалните мрежи најавува дека Али Ахмети, лидерот на ДУИ, е тој кој ќе дојде на преговори во седиштето на СДСМ на „Бихаќка“, а не обратно – Заев да оди во Мала Речица за формирање на Влада.

Total
0
Shares
Поврзани објави