Царовска: Моделот за настава е најбезбеден со оглед на состојбата

Побезбедно и подобро е учебната година да почне со физичко присуство на учениците до трето одделение, а останатите со онлајн настава. Сметаме дека овој модел е најдобар во моментот со оглед на актуелната епидемиолошка состојба, изјави вечерва министерката за образование и наука Мила Царовска при гостувањетои на ТВ 24.

– Сите знаеме дека физичкото присуство е најдобро, но епидемиолозите дека може да се затвориме за две недели ако почнеме со физичко присуство сите наеднаш. Такви искуства има во регионот, а последниот е во Израел. Ние сакаме да одиме постепено. Со оваа епидемиолошка состојба, сметаме дека овој модел е најдобар“, рече Царовска.

Од вкупно 494 училишта, барање за физичко присуство поднеле 321 училиште. Помал број од нив, како што вели Царовска, ќе бидат одобрени доколку училиштата ги исполнуваат протоколите, односно во една училница да има максимум 20 деца со растојание од метар и пол.

– Секоја одлука што ќе биде спротивна на епидемиолошката проценка и спротивна на Комисијата за заразни болести и може да нè донесе до еден чекор напред и три назад, а тоа значи зголемување на бројот на заразени и затворање на сите училишта. Зошто да си го правиме тоа, кога можеме да одиме етапно и да ја следиме епидемиолошката состојба, истакна Царовска.

Од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) го одобруваат моделот што го предлага Министерството.

Total
0
Shares
Поврзани објави