Царовска: Учениците да ги прифатат препораките на епидемиолозите за онлајн наставата

Најавите за бојкот на наставата се неодговорни и одговорноста е на сире за заштита на јавното здравје, смета министерката за образование и наука Мила Царовска во врска со протестите на учениците во земјата, кои на овој начин вршат притисок за настава со физичко присуство.

Царовска вели дека иако во тешки услови на пандемија успешно е запоната учебната година и повика учениците и родителите да го почитуваат мислењето на лекарите за епидемиолошката состојба.

„Ако таа вели дека нашето јавно здравје е заштитено само на овој начин, а одлуките се базираат на факти, јас ги почитувам и барам од сите родители, сите ученици, сите директори, сите градоначалници, да ја следиме нивната препорака, да ги следиме нивните одлуки, зашто само така можеме да се одржиме на ова ниво и понатаму да го намалуваме бројот на заразени во нашата држава“, изјави Царовска.

Таа смета дека непочитување на одлуките на епидемиолозите го ризикува здравјето на сите.

„Тоа не е само флоскула, тоа се животи, тоа се нечии мајки, тоа се нечии татковци, тоа се нечии баби, тоа се нечии дедовци. Да не ги ризикуваме животите на нашите најблиски, сакајќи на неконструктивен начин да покажеме незадоволство“ истакна Царовска.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Кој е личниот лекар на Трамп!

Уште кога беше соопштено дека американскиот претседател Доналд Трамп има Ковид-19, неговиот личен лекар Шон Конли стана центар…