Царовска уверува дека расте бројот на учениците што следат онлајн настава

Министерката за образование и наука Мила Царовска тврди дека 87 отсто од учениците без проблем следат онлајн настава, а останиот број има проблем со пристап до интернет или немаат техничка опрема.

–Од почетокот на годината до денеска за 17 отсто е зголемен опфатот на ученици со онлајн настава. Што значи дека дневно се зголемува, а ние известуваме и испраќаме соопштенија како се подобрува процентот, рече Царовска.

Таа вели дека за враќање на учениците во училиштата одлучува Комисија за заразни болести која на дневно ниво ја следи епидемиолошката состојба и состојбата во училиштата.

Според неа, наставата ќе продолжи и онлајн за да има континуитет во наставата и да се заштити јавното здравје.

Таа верува дека нашето население, наставниците и учениците ќе успеат да се придржуваат до мерките за заштита од Ковид-19 за да имаме континуитет во наставата на начин на кој ја почнавме.

Total
0
Shares
Поврзани објави