Цело училиште во Тетово во самоизолација, наставничка позитивна на КОВИД-19

Прекинат е уписот на првачиња во тетовско основно училиште “Истикбал”, откако тестот на една наставничка се покажал дека е позитивен на Ковид-19.

Иако првично се дознава дека не била во контакт со нејзини колеги, ниту дел од комисијата за упис, сепак 40 наставници од училиштето и директорот потпишале изјава за самоизолација.

Веста за заразената наставничка официјално ја потврдил и раководителот на Секторот за јавни дејности на општина Тетово Ахмед Ќазими. Тој уверува дека се преземени сите заштитни мерки и нема простор за страв и паника.

„Веднаш се преземени сите превентивни мерки. Наставничката кај која е потврдено присуство на коронавирусот е предметен наставник во повисоките одделенија и не била во никаков контакт ниту со комисијата која го врши уписот на првачињата, ниту со децата и нивните родители. И покрај ова, од превентивни мерки, наставниците со кои таа можела да биде во контакт се ставени во самоизолација, а уписот на првачињата е прекинат до 15 јуни”, информира Ќазими.

Во останатите основни училишта во Општина Тетово, уписот на првоодделенците се одвива без проблеми. Училиштата ги спроведуват сите протоколи вклучувајќи дезинфекција и носење заштитна опрема.

frontline.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави