Цементарница Усје веднаш го реши проблемот на возачите кои несоодведно чекаа ред на нивни шалтер

Цементарница Усје во текот на денот ги превзеде сите неопходни мерки за комплетна заштита во возачите кои утринава се пожалија дека на шалтерите чекаат во големи групи и се во опасност од зараза со корона вирусот. Менаџментот веднаш постапил и проблемот е решен. Во продолжение целосното писмо од компанијата.

Почитувани,
Во врска со вашиот текст објавен на 14.04.2020 година, „Возачи во Цементара чекаат на шалтер без контрола”, сакаме да ве информираме дека менаџментот нa компанијата итно го провери овој настан и ги презема сите мерки за повторно воспоставување на правилата за однесување, согласно препораките од здравствените
власти и поголема контрола од страна на службата за обезбедување во вакви случаеви кога мерките не се почитуваат од страна на други лица.
За жал, иако компанијата ги презема сите мерки за заштита на здравјето на вработените и сите наши соработници, утрово се случил овој немил настан за што веќе е лоцирана одговорноста и ќе се постапи соодветно.
УСЈЕ воведе редуцирање на работните активности и сите наши вработени работат согласно здравствените препораки за физичка дистанца и одржување на лична хигиена и на хигиена во компанијата, која е подигната на највисоко ниво.
Истите протоколи важат и за нашите соработници и транспортери кои вршат пренос
на производи.
За да ја олесниме ситуацијата во овој период неколку пати апелиравме до нив да ја користат и нашата електронска апликација со која се избегнуваат сите физички контакти.
По овој настан УСЈЕ ќе преземе дополнително контролни мерки за да се обезбеди целосна примена на сите пропишани стандарди, согласно препораките на Министерството за здравство.

Total
0
Shares
Поврзани објави