Чавков пред судија тврдел дека полицајците сами можеле да постапуваат, доби 30 дена притвор

Вечерва судот одлучи да одреди притвор и за поранешниот директор на БЈБ Митко Чавков. Нему му се определени 30 дена притвор, а адвокатите реагирале дека здраствената состојба му е влоѓена поради неодамнешниот инфаркт. Судот ова не го прифатил и одредил притвор. Чавков пред судијата го негирал сомнението на обвинителството и отфрлил одговорност со образложение дека секој од полицајците што биле на местото на инцидентот можел самостојно да реагира и постапува.

Total
0
Shares
Поврзани објави