Чедо Јовановиќ во тешка состојба: Лекарите не можат да утврдат од што има силни болки

Лидерот на ЛДП, Чедомир Јовановиќ се наоѓа во болница поради воспаление на белите дробови, а неговиот тест не покажал дека е заразен со коронавирус.

Неофицијално, Курир.рс дознава дека неговата здравствена состојба е тешка и комплицирана и политичарот трпи силни болки.

„Лекарите се сомневат на емболија на белите дробови или воспаление на рбетниот мозок“, наведува извор, но напоменува дека засега не е утврдена причината за таквото влошување на состојбата.

Проблем претставува и високиот крвен притисок кој лекарите се обидуваат да го спуштат.

Состојбата на Јовановиќ најверојатно е последица од прележаниот коронавирус во јули.

Да потсетиме,Јовановиќ во јули беше позитивен на коронавирус и тогаш имал тешко воспаление на белите дробови, поради што бил хоспитализиран на инфективната клиника.

Total
0
Shares
Поврзани објави