Ченто: Не ми е мака затворот ,мојот син ќе полни 4 години (48 месеци), го немам видено 20 месеци

Јане Ченто објави повик до медиумите и сите добронамерници да не прават фама и страв од неговото заминување во затвворот Идризово бидејќи повеќето тоа сами го побарале. Негова болка е тоа што поради забрана на посета на малолетни лица во затврот не го видел синот повеќе од една и пол година. Еве што порачува Ченто:

Не дигајте фама дали ќе не носеле Идризово и дека не знам што ќе се случи во Идризово.

Јас сум осуден со првостепена пресуда и јас барав да одам во затвор пред правосилност на пресуда бидејќи жалбата ја подготвувам.

Скоро 20 месеци сум јас и другите во 4 ѕида по 23 часа во ќелии од 7м2….за хигиената не ми се ни зборува сите имате гледано слики како е Шутка.

Како сите осудени што бараат да одат пред правосилсност во затвор и ја така побарав и не гледам причини да се дига галама околу тоа дали ќе сме оделе Идризово и кој бил таму од страна на осудени или обвинети лица, бидејќи и таму се осудени лица кои издржуваат казни пред правосилност или по правосилност така да не барам посебен третман, како за сите затвореници така и за мене.
ЕДНАКВОСТ.

Во Шутка изминативе скоро 20 месеци и по ќелии и на шетња сум бил со многу луѓе, македонци, албанци, роми, срби, бошњаци итн, и верувајте никој не сака проблеми од затворениците, секој си има свој проблем и си гледа како да се спаси од оваа неправда што се прави….

Така да, ве замолувам сите, особено медиумите, не подгревајте тензии без причина, нема потреба од страв дали некој нас или ние на некој нешто ќе направиме, ако се случи, не дај боже нешто се случи, ни први ни последни ќе бидеме.

Се разбира дека нема да провоцираме ние и се надевам нема никој нас да не провоцира бидејќи гледаме да излеземе што побрзо од затвор и што побрзо да ја победиме оваа неправда која ни ја сервираа елитите, како нас така и за многу други случаи за кои сеуште не е излезена вистината на виделина.

Ако некој не знае да му кажам, во притвор малолетно дете не смее да дојде на посета, така што мојот син кој на 15 јули ќе полни 4 години (48 месеци) го немам видено 20 месеци, некој од нас и повеќе време ги немаат видено своите деца, и да ќе одам во Идризово без разлика дали има безбедносен ризик за кој се надевам надлежните ќе преземат се за да се смали тој ризик, одам за да си го видам синот, да си ја гушнам фамилијата после 20 месеци…..

Дали вреди да бидам под ризик за тоа, ДА.

Борбата за Македонија продолжува било во затвор или на слобода.

Бог да Ве благослови сите и Бог да ја благослови Македонија.

Да живее Република Македонија !!!

#ПравдаЗаСите

Total
0
Shares
Поврзани објави