Чешка ги отвора границите, влезот за Македонија не е дозволен

Чешка ги отвора границите за 19 држави, но засега на списокот ја нема нашата земја. Од владата на Чешка соопшти дека од 15. јуни ќе бидат отворени границите за овие 19 земји без да мора да се прави тест за коронавирус.

Без тест за корона во Чешка може да влезат државјаните на: Австрија, Финска, Норвешка, Исланд, Германија, Швајцарија, Лихтенштајн, Хрватска, Словенија, Грција, Словачка, Полска, Унгарија, Романија, Бугарија, Кипар, Естонија, Литванија и Летонија, стои во соопштението.

Додека пак граѓаните на Данска, Ирска, Белгија, Холандија, Луксембург, Франција, Португалија, Шпанија, Андора и Италија ќе може да ја минат границата само ако покажат негативен тест.

Total
0
Shares
Поврзани објави