Четири години затвор за напаѓачот на Шекеринска

Четири години затвор е пресудата на Скопскиот кривичен суд за Панче Ангелов, обвинет за насилство врз поранешната пратеничката Радмила Шеќеринска сторено во настаните од 27 април во Собранието. Тој на рочиштето кое се одржа минатата недела пред судијката Џенета Бектовиќ ја призна вината и се покаја за стореното. Тој побара поблага казна со образложение дека во таа еуфорија во Собранието емотивно настапил, не сакал да ја повреди туку сакал, како што рече, само да ја тргне Шекеринска од гужвата. Крунски доказ за насилството беше тв снимка на која се гледа како Ангелов за коса ја влече Шекеринска. Неговиот адвокат Драган Пешевски, кој го застапува по службена должност, побара судот да ги има предвид олеснителните околности како неговата возраст, неосудуваност.
Досега само девет лица добија условни пресуди за насилствата во законодавниот дом.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Здружение на обвинители за писмото на Русковска до амбасадорите: Со зачуденост го проследивме дописот за кој сметаме дека го нарушува угледот на јавнообвинителската функција

Здружението на јавните обвинители на Република Северна Македонија остро реагира на отвореното писмо од јавниот обвинител Вилма Русковска…