Четвори лица кои вршеле попис заразени со корона – ќе носат скафандери

Пред почетокот на втората фаза од пописот на населението, а во време кога се разгорува дебатата дали треба да се одложи како што смета опозицијата, првиот човек на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски вели дека има заразени четворица инструктори за попишување. Се заразиле од своите сопружници, но Симовски вели дека нема никаква опасност и тоа не е пречка да се реализира попишувањето.

Протоколите за попис се јавно објавени, има различни протоколи за различни ситуации. Имате ситуации со лица во самоизолација, имате позитивни, имате ситуација каде има и заразени и здрави лица. Затоа некаде ќе се носат и скафандери при попишувањето – рече Симовски на Канал 5.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави
Повеќе

Зибери е разрешен поради неговата изјава, нема да дозволам да се политизира работата на Комисијата за заразни болести, вели Филипче

Директорот на Центарот за јавно здравје Скопје Арбен Зибери е разрешен од функцијата, соопшти Министерството за здравство. За…