Чибишев: Агонијата со пандемијата ќе трае долго ако власта носи нелогичи мерки

Докторот Андон Чибишев предвидува дека ако продолжи да расте бројот на нови пациенти за кратко време здравствениот систем ќе колабира. Чибишев смета дека не само што нема да има каде да се згрижуваат болните, туку и ќе нема која да се грижи за нив.

„Можеби полесно ќе најдеме кревети и капациетети за сместување, меѓутоа медицински кадар тешко дека ќе може да се реорганизира толку брзо. Лекарите, сестрите и останатиот здравствен персонал е на крајот на силите затоа што оваа состојба трае предолго и не само што нема знаци за смирување туку состојбата драматично се влошува„, пишува на неговиот фејсбук профил Чибишев.

Тој вели дека медициснки кадар кој е најпотребен секојдневно ги напушта јавните здравствени установи.

 Здравствените власти не само што не покажуваат знаење како да ја менаџираат ваквата тешка состојба туку и во соработка со Комисијата за заразни болести носат мерки кои се нелогични, неприменливи и тешко спроведливи во пракса“, додава Чибишев.

За него е нелогички да се забранува групирање на луѓе на отворено, а од друга страна се носи мерка за т.н. викенд без ДДВ со кој се стимулира наплив на потрошувачи во продавниците каде ќе има енормни групирања во затворен простор.

„Се најавува мерка за забрана за групирања во рамките на домовите на граѓаните а во јавниот превоз граѓаните се возат со автобуси во кои патниците се настискани еден до дру“, вели тој и додава дека со вакви мерки агонијата со пандемијата ќе трае уште многу долго.

Total
0
Shares
Поврзани објави